Вистинска љубов: Биле во брак 60 години, па починале во период од неколку часа

Во период од неколку часа на 14 мај, почина новозеландскиот пар 86 годишниот Питер Бедфорд и неговата сопруга 83 годишната Рут. Пред точно една година ја прославија  дијамантската годишнина од бракот.

-Добро е што отидоа заедно. Би биле потполно изгубени еден без друг, вели нивната ќерка Керолајнд Бедфорд.

Питер Бедфорд бил примен во болница во саботата навечер на 12 мај.

-Мислам дека мама одлучила дека тој нема да се врати, кажа Керојалн. Рут Бедфорд починала во својот на новозеландскиот Северен остров на 14 мај во 10 часот наутро по локално време, а нејзиниот сопруг неколку часа подоцна откако слушнал за нејзината смрт.

Иако умирањето на долгогодишните парови во период од неколку часа е релативно ретко, феноменот „смрт од скршено срце“ е тема на низа истражувања.

Харвардовата студија од 2013 година открила дека веројатноста лицето да умре е 30 проценти поголеми во текот на првите три месеци од смртта на брачниот другар.

 

 

 

22.05.2018 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега