Лавров: Сирија ќе го предаде хемиското оружје, напад од САД е непотребен

 

Решавањето на проблемот со хемиското оружје на Сирија ќе го направи непотребен воениот удар врз таа држава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Пред почетокот на средбата во Женева со американскиот државен секретар Џон Кери, Лавров изрази надеж дека САД ќе претпочитаат мирно решавање на конфликтот во Сирија.

Кери даде рок од 10 дена на режимот во Дамаск да го стави под меѓународна контрола хемискиот арсенал оружје. Тој отфрли барања на сириските власти за рок од 30 дена за таа операција. Тој предупреди дека зборовите од сириска страна не се доволни.

– Очекувањата за руската иницијатива за поставување на сирискиот хемиски арсенал под меѓународна контрола се високи, изјави Кери.

Лавров и Кери денеска во Женева почнуваат со разговори за рускиот прердлог за поставување на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола

12.09.2013 - 23:07

најчитано сега