Утре сообраќајот во Скопје пренасочен, не тргнувајте на овие улица

Утре во периодот од 09.40 до 12.45 часот ќе се одржи шестото издание на спортско рекреативна трка „Прв до врв“ организиранa од страна на Здружение за спорт и рекреација. Спортско рекреативната трка „Прв до врв“ се состои од планинарска и велосипедска трка.

Велосипедската трка ќе се организира на потегот од пред Музеј на град Скопје – булевар „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).

Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

 

 

 

19.05.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега