Принцот Вилијам ја напушти британската Армија

Од палатата Кенсингтон, службената резиденција на принцот, соопштуваат дека војводата од Кембриџ, принцот Вилијам ја напушти британската Армија, за да може да им се посвети на своите кралски обврски.

Повеќе од седум години Вилијам беше пилот на британското кралско воздухопловство (РАФ), како пилот на воен хеликоптер од единицата за спасување. Принцот последен пат бил во една мисија, со својат екипаж минатиот вторник.

Од палатата Кенсингтон соопштуваат дека освен на кралските должности, принцот во иднина ќе се посвети и на хуманитарната работа.

Принцот Вилијам и неговата сопруга, војводката од Кембриџ Кетрин Мидлтон, ќе се преселат од Ангелси, во северен Велс, во обновената лондонска палата во која постојано ќе живеат.

Принцот Вилијам до сега беше повеќе беше посветен на воздухопловство, отколку на монархијата. Принцот во иднина целосно ќе им биде посветен само на неговите кралски обврски и на кралското семејство.

По неговиот татко, Вилијам е вториот во редот на претендентите за британскиот престол престолонаследникот Чарлс и пред неодамна родениот син Џорџ и помладиот брат, принцот Хари. 

12.09.2013 - 14:13