Грк фатен со марихуана и екстази на „Богородица"

Грчки државјанин се обидел да прошверцува дрога на граничниот премин Богородица.

Се работи за 67-годишниот А.А. кај кој пред неколку денови на граничниот премин при претрес на неговото возило се пронајдени помало количество „марихуана“ и таблети „екстази“.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

12.09.2013 - 13:27
Фото: 
ртс