16 малолетници во Охрид пиеле алкохол во локал - газдите ќе одговараат
Вчера при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело ,,Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.
22.02.2025 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа