ВМРО-ДПМНЕ: СДС имаат шанса да излезат од живата кал во која тонат

 


Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС.

Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт.

А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија.

И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект.

Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС.

Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?

Дали во недостиг на идеи, Филипче го пушти Орданоски јавно, на телевизија да шири говор на омраза и да го каже тоа што тој го мисли?

Жално е да се гледа на кое ниво се симна СДС и колку се безидејни, во паника од вртоглавиот пад на рејтингот од 1 наспрема 4 во однос на ВМРО-ДПМНЕ, па за опозициски гласови почна да се натпреварува со Левица, низ призмата кој е анти Трамп и анти Американец.

СДС и Венко Филипче имаат шанса да излезат од живата кал во која, секојдневно, се повеќе тонат, а тоа што треба да го направат е да излезат и јавно да се оградат и да ги осудат ставовите и навредите на Сашо Орданоски.

Ако не излезат и јавно не ги осудат ваквите навреди и говор на омраза на Орданоски кон САД и претседателот Трамп, СДС и Венко Филипче даваат сигнал дека со него се согласуваат и со тоа ќе се бетонираат на дното на македонската политика“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

23.02.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега