Штип: Се скарале за имот па се обидел да го убие

Млад штипјанец се обидел да убие свој сограѓанин. Се работи за 27-годишниот Г.Д од Штип кој заедно со 62-годишниот П.В. инаку негов сограѓанин по претходен договор и поттикнат со парични средства од страна на второпријавениот, го пречекал 28-годишниот Д.И. пред гаражата од неговата семејна куќа лоцирана на улицата „25-ти Мај„ и од зад  грб  со тврд  предмет  го удрил  во пределот на  главата.

Кога Д.И.  се обидел да избега, насилникот го стигнал и совладал, го  турнал  на земја  и продолжил да го удира во пределот на главата, телото и  нозете се додека не  бил  прекинат од околните соседи кои вознемирни и исплашени од настанот излегле  на терасите од своите  куќи, по што пријавениот избегал од местото на настанот.

 Д.И. се здобил со тешки телесни повреди на главата и по телото и поради тежината на повредите истиот ден бил пренесен во Државна болница во Скопје.  

Инаку, П.В. бил во  роднинска врска со  Д.И.  и подолго време со неговиот татко имале семејни недоразбирања заради поделбата на имотот.

Првопријавениот во моментов е во бегство и во тек се мерки за негово  пронаоѓање. 

12.09.2013 - 13:14

најчитано сега