За сите кои што сакаат да станат тајни агенти - еве што да направите

Седиштето на британската Владина служба за комуникации (GCHQ) одлучи  со помош на загатка објавена на Интернет да се пронајдат нови луѓе кои би се придружиле на нивниот тим на „елитни британски кибер шпиони“.

Тие на својата страна објавија „конкурс“ за решавачите на кодови, на кои со решавањето на поставената загатка можат да  си обезбедат интервју за работа или пак некоја од наградите.

„Можете ли да ги пронајдете“ е дел од загатката, која е објавена оваа среда, а во неа се наоѓа низа од 143 букви раздвоени во групи од пет и на крајот една од три букви.

Разбивањето на тој код ќе ги одведе решавачите на кибер „лов на богатство“ со помош понатамошни траги кои ќе ги доведат до можната цел - вработување во владината тајна служба.

12.09.2013 - 13:23

најчитано сега