Попоски се сретна со група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска оствари средба со Група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена, кои престојуваат во посета на Република Македонија, а во рамки на регионалната турнеа.

Министерот Попоски на средбата ја истакна одличната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и генерално со Организацијата и нејзините институции. Особено беше посочена интензивната соработката на Владата со Канцеларијата на претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, во однос на изработката на предлог Законите за медиуми и аудиовизуелни услуги. Имплементацијата на Охридскиот договор како и имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование беа исто така  посочена  како една од приоритетните области на соработка со  ОБСЕ

Воедно, министерот Попоски информираше и за аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, посочувајќи ги конкретните резултати на Пристапниот дијалог на високо ниво, имплементацијата на политичкиот дијалог и потпишувањето на Извештајот од 24 декември, за посетата на медијаторот Нимиц и разговорите кои се водат околу името, како и за односите на Република Македонија со соседите, истакнувајќи дека за Република Македонија градењето на мостови и добрососедска соработка е од витален интерес.

 

12.09.2013 - 12:25

најчитано сега