Ова е најопасниот пат во светот: Со автомобил се поминува на самиот раб од провалија а заштитна ограда не постои (видео)

Зоји Ла е планински превој на Хималаите, долг 9 километри, а составен дел од индискоит државен автопат 1Д.

Во некои делови се издига и до 3.528 метри надморска висина, а се смета за еден од најважните патишта кои ги поврзуваат Ладак и долен Кашмир.

Истовремено се работи за еден од најопасните патишта на светот, на кој секоја година повеќе од 10-тина луѓе гинат.

Причината за тоа е нерамниот и непристапен терен на кој се наоѓа патот но и поради временските услови.

Снегот, калта и ледот овде се честа појава, па поради тоа патот е често затворен.

Локалните власти ја научија лекцијата во 2009 кога поради снег на патот биле заробени350 лица, па морало да се организира спасувачка мисија.

Освен тоа  на овој пат не постои заштитна ограда,а возачите често се соочуваат со стада домашни животни кои често знаат да се најдат на патот. 

Погледнете како изгледа:

 

 

 

14.05.2018 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега