Градот по името се познава: Што се крие зад имињата на познатите светски метрополи

Да се набројат главните градови на многу земји денес и не голем проблем ако користите геограски атлас и интернет пребарувач. Сепак, за да знаете од каде потекнуваат имињата на главните градови навистина треба да сте познавач на над стотина јазици од различни земји и историјата на нивниот развиток. 

Ова се значењата на некои главни градови во светот:

1. Амстердам оригинално е изграден на брана (eng.dam) на реката Амстел, по што го добил името.

2. Буквален превод на името Абу Даби е „газелин татко“ (Обединети Арапски Емирати), а името на најголемиот град во земјата – Дубаи на арапски значи „мал скакулец“.

3. Сингапур го нарекуваат град на лавот затоа што „синга“ значи „лав“, а „пура“ означува „град“.

4. Пекинг е „главен град на северот“, затоа што доаѓа од кинескиот збор „bej“ (север) и „jing“ (главен град).

5. Иако Саудиска Арабија е земја со многу песочни дини, името на нејзиниот главен град Ријад потекнува од зборот „rawdah“ што значи „ливада“.

6. Праведни (добри) ветрови е превод на шпанското име Буенос Аирес.

7. Името на градот Виена потекнува од келтскиот збор „windo“, што значи светло, односно бело.

8. Животот во главниот град на Чешка е забрзан. Тоа го докажува и неговото име „Praha“, што на чешки знаи „(за)брз(ан)“.

 

 

 

14.05.2018 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега