Уапсени па ослободени десетина паркобрани - меѓу нив советник од Центар и директорот на ЈП Паркинзи

Рано утринава, полицијата уапси десетина лица кај паркот близу хотелот Бристол. Според досегашните информации, меѓу уапсените се нашол и опозициски советник од Општина Центар и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Полицијата интервениралапо барање на сопственикот на земјиштето, за да се спречи узурпирање на туѓ имот и да се овозможи тој што има документи да си располага со имотот.

Од полицијата велат дека со приведените бил извршен разговор и потоа тие биле пуштени дома. Од МВР најавуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот.

 

12.09.2013 - 09:48

најчитано сега