Конгресoт на САД повторно ќе ја разгледува воената акција во Сирија

 

Конгресот на САД ќе се врати на разгледување на прашањето за воена акција во Сирија, доколку не се реализира иницијативата за меѓународна контрола на сириското хемиското оружје, изјави синоќа во Вашингтон лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Хари Рид.

- САД треба да останат будни и да бидат подготвени во случај на неопходна потреба од употреба на сила, а Конгресот не треба да ја исклучува варијантата што предвидува закана за употреба на сила, посочи сенаторот.

- Ако се појават некакви знаци дека овие преговори не се сериозни, ако тоа е обид за добивање време за поставување препреки и одвлекување на вниманието, тогаш сметам дека повторно ќе ни се наметне потребата на претседателот да му ги дадеме овластувањата што му дозволуваат да побара одговорност од режимот на Асад“, додаде Хари Рид.

Група сенатори од Демократската и од Републиканската партија во преработениот документ предложија на ОН да му се даде време да го стави сето сириско хемиско оружје под меѓународна контрола. Истовремено, со тоа тие сакаат во текстот на резолуцијата да се зачува заканата за употреба на сила во случај Дамаск да не ги исполни своите ветувања, поврзани со откажувањето од хемиското оружје.

12.09.2013 - 09:30
Фото: 
Денешен

најчитано сега