Петте постојани членки на СБ на ОН расправаа за Сирија

 

Претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - вчера во Њујорк зад затворени врати разговараа за Сирија, но без вистински преговори, соопштија дипломатски извори на ОН.

- Сите ги изнесоа своите ставови, но немаше вистински преговори, рече неименуван дипломат на ОН, по 45-минутниот разговор, што беше оддржан во мисијата на Русија во Светската организаицја.

Франција, Велика Британија и САД се заложиле за усвојување на резолуција на Советот за безбедност со која ќе се предвидат казнени мерки доколку Дамаск одбие да го предаде забранетото хемиско оружје.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека е неприфатливо 15-члениот Совет да донесе резолуција со која вината за нападот во близина на Дамаска од 21 август би му се припишала на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Состанокот на Советот за безбедност посветен на Сирија што требаше да се одржи во вторникот вечерта, беше откажан во последен момент на барање на Москва.

Франција, која најави дека до Советот за безбедост ќе поднесе Предлог-резолуција за Сирија, соопшти дека е подготвена да изврши измени во предложениот текст, но дека има намера на маса да ја задржи воената опција, како средство на притисок врз режимот на Асад.

12.09.2013 - 09:19

најчитано сега