Тројца винички производители на мед се зактија со медали во Хрватска
Во Хрватска , Осијек се одржа петтото меѓународно оценување на квалитетот на произведениот мед, беше оценувано присуство на влага во медот. Меѓународниот натпревар на мед беше во орагнизација на Здружението на пчелари „Радилица“ од Славонија. Од од нашата држава учество земаа тројца пчелари од општина Виница, Илчо Костадинов, Марјан Ефремов и Киро Арсов кои на фестивалот се закитија со златни медали. - На презентацијата учествувавме со медот произведен во виничкиот крај. Пред комисијата понудивме повеќе видови на оригинален планински мед и комисијата го оцени како најквалитетен во меѓународни рамки, изјави пчеларот Илчо Костадинов. Претставени беа 68 примерици од мед од Република Хрватска и 22 примероци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.