Видео: Наместо зеленило и детски џагор, багери - жителите на Аеродром вознемирени

До пред две недели на ова место се слушаше детски жагор, имаше игралиште, зеленило и дрвја. Локалните жители го користеа паркот за одмор и релаксација ова лето тоа нема да биде можно бидејќи пред неколку дена овде се вселија багерите, пренесе Сител.

Ова стебло е се што остана од паркот. Локалните жители се многу револтирани.

Градоначалникот на Скопје вели дека дозвола за сечата е издадена.

Од Коалицијата О2 сметаат дека локалната власт требала да направи ревизија на актуелните ДУП -ови.

–„Објаснувањето на градоначалникот, дека ДУП-овите се веќе донесени и ништо не може да се направи, не е вистинискиот одговор. Таков одговор е алиби за непреземање одговорност за состојбата.“

Иако побаравме, од градот до емитување на овој прилог не пристигна документот од одобрението како и записникот  за извршениот  увид на локацијата каде што се исечени дрвјата.

Измените кои ги најавува Шилегов, ќе стигнат многу доцна и тоа за граѓаните кои се разочарани поради уништениот парк.

 

 

 

04.05.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега