Банкар ги вџаши сите со изјавата: Претседателе ќе морам да земам пари од вашата лична сметка

Претседателот на руската банка "VTB", Андреј Костин побара од претседателот на Русија, Владимир Путин, 104 илјади рубљи од неговата лична сметка за во името на претседателот да бидат засадени 1,040 стебла во Иркутската област на Сибир.

Првиот човек на банката му понудил на Владимир Путин да учествува во обновувањето на шумските површини на Сибир, а за тоа, му побарал и финансиски средства.

 

„Ако не ви пречи, ќе засадиме дрва во ваше име. За да го сториме тоа, ќе ни биде потребна ваша дозвола да земеме 104 илјади рубљи од вашата сметка во банката, со оглед на тоа што секое стебло чини 100 рубљи“, му рече Костин на Владимир Путин.

 

Путин веднаш го прекина со коментар кој што ги изнасмеа сите присутни: „Ох, па затоа сум ви потребен“ изјави Путин, по што додаде: „Секако, не ми пречи“.

 

 

 

04.05.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега