WeTransfer со голема промена, го сменија она што им пречеше на многу корисници

WeTransfer внесе голема новина во своите активности, а за се’ ја информираа јавноста на Инстаграм.

Што е WeTransfer?

WeTransfer е веб-платформа која ви овозможува брзо и лесно да испраќате големи датотеки, како што се фотографии, видеа или документи, на други луѓе на Интернет. Досега, датотеките обично се складираа само на серверите одредено време (на пр. 7 дена), а потоа се бришеа, обезбедувајќи податоците да не се чуваат подолго од потребното.

Сепак, таа последна функција сега се менува, како што објави тимот на WeTransfer.

-Никогаш за милион години не мислевме дека ќе треба да ги напишеме овие зборови. Ниту дека работите ќе дојдат до ова. Но, еве сме. Со тешко срце мораме да ве информираме: Врските на WeTransfer повеќе нема да истекуваат. Врската со линковите кои истекуваат се минато, а патот до оваа беше долг и болен“, велат тие во хумористичната објава.

„Можете ли повторно да го испратите тој линк? Истечен е. Ова се зборови кои се надеваме дека никогаш повеќе нема да го слушнеме и ги разбираме вашите грижи. Линковите сега ќе траат подолго, до 30 дена преку нашата мобилна апликација. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овие тешки моменти. Повече детали ќе објавиме кога ќе најдеме сила, напиша тимот на WeTransfer.

22.08.2024 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега