ФОТО: Гори Мариово - пожарот се шири

 

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола регистрира пожар во Мариово, предизвикан со палење на отпад и стрниште на висок предел во мариовскиот крај.

Пожарот е високо над селата Орле, Маково, Бонче, Мојно, Мусинци на висок непристапен терен, со опасни сртови и видлив од далечина, но без посебна опасност по локалното население, изјави за МИА Горан Димкоски, раководител на ТППЕ-Битола.

„Пожарот е запелен во текот на денот кога наша екипа изврши увид и констатира дека пожарот е високо во мариовскиот предел. Очекуваме пожарот да се изгасне и за време на ноќта од ниската температура и влажноста на воздухот“, истакна Димкоски.

Од ТППЕ-Битола посочија дека деновиве на повеќе локации во Пелагонија локалното население почна со палење на стрништа и отпадок на нивите иако ТППЕ и СВР-Битола упатија апел да не се палат огнови на отворено, ниту во шума затоа што постапката е строго забранета и казнива.

07.03.2025 - 20:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега