Уставен одлучи: Извршителите и натаму ќе може да ги дерат граѓаните

 

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која долговите кои граѓаните ги имаат нема да застаруваат. Тоа значи дека извршителите ќе можат и натаму да ги наплаќаат побарувањата без разлика колку време поминало.

Откако пред три месеци Уставен замрзна дел од законот за Облигациони односи и времено го укина застарувањето сега судиите донесоа конечна одлука.

Невладините бараа таа да е во корист на граѓаните односно долговите постари од 10 години извршителите да не можат да ги наплаќаат, но Уставен се реши да се стави на страна на извршителите.


25.09.2024 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега