Тројца Алжирци и Сириец сакале нелегално да влезат во Македонија
Вчера вечерта околу 20:45 часот, македонската полиција заедно со царинските службеници од Царинската испостава-Гевгелија, спречиле обид за нелегално минување на државната граница од Грција во Македонија.
Полицијата открила четворица странски државјани, од кои тројца државјани на Алжир и еден државјанин на Сирија. Лицата биле предадени на грчките погранични органи.