ЕЛЕМ: „СВ Инвест“ никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола

Нагласуваат дека тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е целосно неточно.

Мицкоски денеска во видео обраќање побара од Обвинителството да провери дали е точно дека компанијата „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола.

- Од видео материјалот може да се види дека фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, но се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, обвини Мицкоски. 

 

 

 

30.04.2018 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега