Перес: Ако Сирија не е искрена САД ќе нападнат
Израелскиот претседтаел Шимон Перес е убеден дека САД ќе се вмешаат со употреба на воена сила во Сирија ако Дамаск не е искрен за хемискиот арсенал.
– Сепак, подобро е да се постигнат резултати со дипломатија отколку со војна, но главното прашање во моментот е искреноста на сирискиот режим, изјави Перес.
– Ако Сирија е искрена и преземе конкретни мерки за уништување на хемиското оружје на своја територија, САД нема да нападнат, вели тој.
Во исто време Перес нагласува дека не се сомнева оти американската армија ќе употреби сила ако Сирија не е целосно искрена.
Американскиот претседател Барак Обама изјави вчера дека сака да даде шанса на дипломатските напори и побара Конгресот да го одложи гласањето за воени удари врз Сирија.
11.09.2013 - 14:20