На овие места во Скопје денеска ќе нема вода - бидете подготвени

Прекинато водоснабдување до санирање на дефектот денеска имаат корисниците во селото Усје - ниска зона и дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Михаил Ефтихиј“ во општина Кисела Вода.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот на снабдувањето со вода за корисниците во селото Усје - ниска зона е поради дефект на ППХ  на ул.„1“.

Прекинот на снабдувањето со вода за корисниците во дел од улиците  „Димо Хаџи Димов“ и „Михаил Ефтихиј“ е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Димо Хаџи Димов“ бр.41. 

 

 

 

29.04.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега