Во деведесетите беше ѕвезда, а денес е најтажен актер и фатен е во необично издание (фото)

Се вивна до небото во 1999 година и стана еден од најбараните актери, а денес изгледа вака.

Кога за првпат се појави во Матрикс не се ни надеваше дека таква кариера ќе му претстои.

Големата холивудска ѕвезда, Кијану Ривс, за кого повеќето мислат дека животот го поминува во најголеми благодети, дека му тече мед и млеко, всушност не е така. Тој најмногу се издвојува од сите негови колеги.

Имено, Кијану потекнува од проблематично семејство. Неговиот татко бил уапсен за дилање со дрога кога тој имал само 12 години, а неговата мајка била стриптизета. Тој со семејството потоа се преселиле во Канада каде имал неколку очуви.

Покрај сета таа мака, во неговата младост бил среќно заљубен, имал девојка со која планирале да се земат. Но судбината друго му наложила, наместо да ја однесе пред олтар, тој ја гледал како умира, загинала во сообраќајна несреќа. Згора на сето тоа, пред сообраќајката имала абортус, била трудна, носела дете од Кијану. Оттогаш Кијану избегнува сериозни врски и помислата да има деца.

Ривс е единствената Холувудска ѕвезда која не живее на огромен имот. Тој вели: „Јас живеам во стан, имам се што ми е потребно, зошто да живеам во празна куќа?“.

Еден од неговите најдобри другари умрел од предозирање, Ривер Фоеникс, братот на Жоакин Фоеникс. Тоа се случило истата година кога неговиот татко бил уапсен повторно.

Неговата помлада сестра имала леукемија. Денес таа е излечена, а Кијану донирал 70 отсто од неговата заработка за филмот „Матрикс“ на болниците кои лечеле од леукемија.

Тој нема телохранители и не носи фенси облека. Кога го прашале зашто е тажен, тој одговорил: „Вие треба да сте радосни за да живеете, јас не.“

Во последниве неколку години тој води необичен стил, а медиумите го критикуваат дека изгледа како бездомник.

Таков е снимен во Њујорк со цигара и протеински шејк во раката, на пауза од снимање на филмот „Џон Вик“.

Кога би поминале покрај него и го видите во ваква состојва тешко би забележале дека се работи за холивудска ѕвезда.

 

 

 

28.04.2018 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега