Лорд Џорџ Робертсон: Нема начин да се влезе во НАТО без да биде постигнат консензус

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон е лидерот на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

Робертсон, кој беше десеттиот генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, повеќепати ја имаше посетувано Македонија, особено за време на кризата во 2001 година. И беше еден од важните меѓународни дипломати кои помогнаа во решавањето на конфиктотт и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор.

Во интервјуто за МИА, кое Робертсон го даде за време на престојот во Скопје на 24 април се осврнува на состојбата во Македонија некогаш и сега, говори за начинот на кој ќе функционира „Групата Охрид“, за спорот со Грција за името и можноста тој да се реши до јулскиот самит, за односите НАТО-Русија, а дава и дефиниција за тоа што е вистински патриотизам во 21. век.

Тој истакна дека е факт тоа што го посочи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг при посетата на Македонија во јануари, кога јасно кажа дека Македонија нема да влезе во Алијанста без решен спор за името.

– Генералниот секретар на НАТО изнесе факт. Принципот на кој почива НАТО е дека нуту една одлука не се носи без конензус. Ако нема консензус вашата земја не може да се приклучи кон НАТО, тоа е суштински факт.

Целото интервју прочитајте го тука.

 

 

 

28.04.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега