Грабар-Китаровиќ: Хрватска ќе помогне да се забрза процесот за членство на Македонија во ЕУ

Кога Северна и Јужна Кореја успeaја да се договорат, откако денеска лидерите на двете земји се согласија дека заедничка цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна, земјите од регионот со сигурност ќе можат да ги решат меѓусебните несогласувања, порачаа денеска учесниците на состанокот на земјите од Процесот Брдо - Бриони во Скопје.

Хрватската претседателка ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

- Хрватска од своја страна ќе стори се што е можно да се забрза овој процес за Македонија и Албанија. Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување, која е засновна врз принципот на сопствени заслуги, кој е втемелен на строги правила и вреднување, рече таа.

Посочи дека за напредокот во процесот на проширувањето најважни се резултатите во подрачјето на владењето на правото, реформите во правосудството, борбата против коупцијата и организианиот криминал, безбедноста, како и јакнењето на регионалната соработка.

 

 

 

27.04.2018 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега