Многумина ќе се изненадат - Фејсбук ги брише овие профили

Фејсбук, по извештајот на интернет порталот „Motherboard“ отстранил голем број профили и страници кои огласувале и продавале броеви за социјално осигурување, адреси, броеви на телефони и наводни броеви на кредитни картички, објави Ројтерс.

„Постовите кои содржат информации за броеви за социјално осигурурвање или кредитни картички на Фејсбук не се дозволени и ние ги острануваме кога ќе удивиме дека постојат“, кажал портпаролот на најголемата светска друштвена мрежа.

Фејс со години чувал украдени идентитети.

„Motherboard“ извести дека хакери се огласувале на приватни пораки на друштвената платформа и дека Фејсбук со години ги држел украдени тие идентитети.

По извештајот,акциите на Фејсбук паднаа за 3,8 отсто.

Како што пренесува Хин, по скандалот со британската фирма „ Cambridge Analytica“ која дошла до приватните податоци на милиони корисници на Фејсбук, технолошката компанија е под лупа поради заштита на корисниците.

 

 

 

25.04.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега