Јордански пратеник пукаше со пушка кон свој колега
Јордански пратеник денеска пукаше со автоматска пушка кон свој колега, но не го погоди, во ходник на Парламентот. Причина на пукањето бил личен спор.
Ова е прв инцидент со пукање во Долниот дом на Парламентот на Јордан, каде се случува за време на острите дебати пратениците да употребат чевли или вода за меѓусебна пресметка.
Оружјето е официјално забрането во зградата на јорданскиот Парламент. Пратеникот што денеска отвори оган ќе биде предаден на полицијата, откако ќе му беше одземен имунитетот.
10.09.2013 - 16:33
Фото:
Денешен