Целосно изгоре пицерија во Скопје

Рано утринава околу 04.00 часот во Единицата за информации Скопје, од страна на случаен минувач било пријавено дека во трговскиот центар „Чаирчанка“  на улица „Цветан Димов“ избувнал пожар во пицерија.

На местото на настанот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

 

 

16.04.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега