Двајца Албанци продавале дрога низ Италија
Полицијата од италијанскиот град Фиренца запленила 23 килограми кокаин, што според неа е најголема количина до сега запленета во овој град.
Како штојави дописникот на МИА, во акцијата уаспени се двајца албански државјани и една Романка, која била во еден од автомобилите со кои се пренесувала дрогата, поделена во два дела, 11 и 12 килограми.
Дрогата била отркиена при рутинска контрола, кога полицијата на автопат ги запрела двата автомобила. Полицијата запленила и две илјади евра и четири мобилни телефони.
Тројцата уапсени ќе одговараат за поседување и продажба на наркотични средства.
Идентитетот на уапсените не се соопштува, во интерес на истрагата, зашто полицијата се сомнева дека тие се само дел од меѓународна организација за шверц со дрога.