70 илјади лица учествуваат на првомајските демонстрации во Москва
Првомајски демонстрации, организирани од Федерацијата на независни синдикати во Русија, почнаа денека во центарот на Москва, а според шефот на синдикалната организација Михаил Шмаков на нив учествуваат околу 70 илјади лица.
Во демонстрациите учествуваат претставници на владејачката партија „Единствена Русија“, на Серускиот народен фронт и на сите синдикати во Москва, а исто така и делегати од блиските региони и странски држави.
Московските градски власти одобрија за денеска 16 масовни улични настани, на кои се прогнозира вкупно учество на 90 илјади лица.