ВМРО-ДПМНЕ Аеродром: Општината по 13 години се соочува со напуштени паркови, ѓубре по улиците и лоша инфраструктура

Денес општина Аеродром го прославува својот 13 роденден, за жал за прв пат може да се констатира дека општината не е веќе нај урбаното и најпосакуваното место за живеење во градот Скопје, а сето тоа е благодарение на градоначалникот Златко Марин, ова денеска го истакнаа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

-После 13 години по формирање на општината аеродромци се соочуваат со запуштени паркови, несредено зеленило и ѓубре по улиците и пешачките патеки. Дивите депонии и растурените контејнери можат да се сретнат на секој чекор во општината, нападите од кучиња скитници станаа секојдневие за аеродромци. Инфраструктурата од долно Лисиче па се до Мичурин секојдневно се уништува, а општината нема намера да преземе било што за нејзино подобрување, потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

Тие додаваат и дека од општината ветуваа решавање на проблемот со паркирањето, а единствено од решавањето е активирање на пајак службата и преку удар врз џебот на граѓаните полнење на буџетот на град Скопје и општина Аеродром.

-Ветуваа чист воздух, а наместо тоа Аеродром е рекордер во загадувањето, ветуваа крај на градењето, пак излажаа. Безидејноста на градоначалникот оди дотаму што пред некој месец најавија проект со Шилегов кој ќе се реализира во месец септември, за да на крај излезе дека и тоа е проект предвиден од ВМРО-ДПМНЕ, а до септември останува да чекаме и да се надеваме дека градоначалникот ќе се разбуди од зимскиот сон. Повеќе од два месеци градоначалникот нема храброст да присуствува на седница на совет со смешни изговори, избегнувајќи ги прашањата од Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

Тие јавно му поставија и неколку прашања:

-Дали градоначалникот ќе реализира било каков проект за аеродромци?

-Дали градоначалникот слушнал од медиумите дека има поставено директор во најголемото основно училиште во Аеродром, лице кое е осудено семејно насилство и дали ќе преземе нешто по однос на тоа прашање?

-Зошто градоначалникот молчи и по еден месец не постапува по известувањата и записникот од државниот просветен инспекторат во кој јасно е констатирано дека поставената директорка во основното училиште Александар Македонски не ги исполнува условите за директор?

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истакнаа и дека аеродромци конечно се надеваат дека градоначалникот ќе почне да си ја заработува својата плата и да ги реализира проектите за кој беше избран. Премногу ветувања имаше во изборната кампања, а ниту едно не е реализирано. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде конструктивна опозиција, меѓутоа редовно ќе го потсетува за нереализираните ветувања, велат тие.

 

 

 

14.04.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега