Неколку пати ограбувал продавница за текстил - полицијата го фатила додека крадел

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство ,Скопје поднесе кривична пријава против 34-годишниот Т.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот ги извршил делата во периодот од 17.03.2018 година до 09.04.2018 година во продавница за текстил на бул. „11-ти Октомври“ во Скопје. Во сите три случаи тој со тврд предмет го кршел стаклото од влезната врата, влегувал внатре и одзел парични средства, мобилен телефон, текстилна стока и други предмети. На 09.04.2018 година, при извршување на третото кривично дело, пријавениот бил забележан од полициски службеници и бил приведен во Полициската станица Центар. Во службен разговор, тој ги признал делата.

Со потврда за одземени предмети, од пријавениот биле одземени дел од украдените предмети и тие биле вратени на оштетените.

 

 

 

14.04.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега