Јанчев: Имаме одлична соработка со министерствата иако сме од различни партии

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во вечерва гостуваше на Телма телевизија, каде рече дека општината има одлична соработка со министерствата и нема опструкции од Владата.

-Во делот на Владата, особено во делот на министерствата имаме комуникација, немаме опструкции, одговараат навремено, си ги вршиме нашите дејности, ни одговараат со блок дотациите, немаме опструкции во делот на пуштањето на средства. Имаме соработка во делот на креативни идеи, поднесување нови проекти за градинки, за инстраструктурни проекти, со Агенцијата за држнавни патишта, со Министерство за внатрешни работи. Ние имаме одлична соработка без разлика што сме од различни партии, рече Јанчев.

 

 

 

13.04.2018 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега