Времен сообраќен режим на булеварот „Борис Трајковски“

 

Сообраќајот на кракот од булеварот „Србија“, на приодот од фабриката „Усје“ кон крстосницата со булеварот „Борис Трајковски“, денеска ќе биде во целосен прекин.

Прекинот, како што информира Град Скопје, ќе трае од 10:30 до 15:00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот крак на излез од фабриката „Усје“ кон крстосницата со булеварот „Борис Трајковски“. 

Град Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.

најчитано сега