Апел за хуманост: Да му помогнеме на 6-месечниот Марко да има детство без граници

Шестмесечниот Марко од Скопје има вродена срцева мана – дијагностициран му е меѓукоморен дефект (VSD) – за чие отстранување е неопходна операција, која семејството на малиот борец ја закажало во Република Бугарија за 14 мај 2018 година и за која се потребни 13.800 евра, сума, која за жал, без помошта на хуманите луѓе, родителите не се во состојба да ја обезбедат. Бидејќи операцијата треба да се изведе набрзо, апелираме до сите хумани и совесни граѓани да му помогнат на Марко да добие шанса за подобар живот и за безгрижно детство! Со донирање парични средства на подолунаведените броеви, 6-месечниот Марко ќе добие шанса да живее и да расте како здраво и нормално детенце.

ДОНАЦИСКИ БРОЕВИ:

ВИП: 143-464

ТЕЛЕКОМ: 070/143-454

 

 

 

11.04.2018 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега