Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче
Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвоил деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој предвидува изградба само на една зграда, два паркови и решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.
Финалната верзија на урбанистички план, соопштија денеска од Општина Аеродром, е изработена да го унапреди урбаното живеење и да го подобри квалитетот на живот во Аеродром и во истата се инкорпорирани забелешките и мислењата на сите засегнати страни.
Со донесувањето на урбанистичкиот план, се наведува во соопштението, Општина Аеродром уште еднаш покажа отвореност, транспарентност и грижа за проблемите на граѓаните и истиот отвора можност за понатамошен економски развој на општината. Изработката на деталниот урбанистички се реализирал транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност. Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче, стои во соопштението, доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително Министерството за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции.
- Потенцираме дека станува збор за Детален урбанистички план кој решава важни, децениски прашања на граѓаните и отвора простор за развој и ново зеленило во општината. Од тука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати, соопштија од Општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа