Пукање во тетовско - полицијата пронајде 8 чаури

Вчера во 19:15 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено пукање од огнено оружје во село Сараќино-тетовско. 

Од страна на полициски службеници од Полициското одделение Групчин било излезено на местото на настанот, при што било констатирано дека во куќата на 24-годишниот З.Т. при семејна веселба истиот испукал куршуми од гасен пиштол „Екол“ кој го поседувал без потврда. 

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и биле пронајдени и подигнати осум чаури калибар 9мм испукани од наведениот пиштол. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

09.04.2018 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега