Страшна несреќа во Аеродром: Повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13 часот и 45 минути нa крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.

Несреќата се случила кога патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово.

Како што соопшти МВР, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото „Цитроен Ц3“, Н.А. (39) од Скопје.

Сите три лица со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

06.04.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега