Скопјанец се забил со возилото во оградата на МВР

Петнаесетина минути пред еден часот синоќа на улицата „Црниче“ во Скопје, 36-годишниот Ј.О.  од Скопје, управувајќи патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото и удрил во метална ограда сопственост на Министерството за внатрешни работи. 

Причинета е материјална штета на возилото и оградата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

06.04.2018 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега