СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ мислеше на провизии и ја уназади инфраструктурата

„Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата ќе останат запаметени по провизиите, пропустите и криминалите коишто наместо развој и унапредување на патната инфраструктура, донесоа уназадување на инфраструктура и предизвикаа дополнителни штети од стотина милиони евра, пари на граѓаните“, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Владата предводена од СДСМ обезбедува долгорочни инфраструктурни проекти низ целата држава коишто се од значаен интерес за економијата и за сите граѓани

„Започнатиот сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра ќе ги надмине предизвиканите штети и ќе овозможи изградба и реконструкција на 60 патни правци со вкупна должина од околу 800 километри.

Инфраструктурното поврзување низ Македонија и модерното поврзување со земјите од регионот и Европа претставува стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ којашто продолжува посветено да работи на обезбедување услови за сигурен, безбеден и брз транспорт за сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

05.04.2018 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега