СДСМ: Заврши времето на криминално и расипничко трошење на буџетските пари

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ.

„Не постои поголем степен на криминал, корупција, партизација и злоупотреби на државните институции од оние што се случуваа за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше институциите, ги задолжуваше граѓаните и државата, ја изолира и зароби Република Македонија и затоа лицемерно е денес како опозиција да глуми загриженост за состојбата во државата“ велат од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека новата Влада успеа да ги санира наследените штети од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, да ја стабилизира економијата и да ја врати и зајакне регионалната и меѓународна позиција на Македонија.

„Времето на криминално и расипничко трошење на буџетските пари, времето на притисoци врз институции и граѓани заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики обезбеди повисоки плати и пензии и повисок животен стандард за сите, а преку започнатиот реформскиот процес, институциите се ослободуваат и професионализираат и работат во интерес на граѓаните.

Целокупната инфраструктура се подобрува преку започнатиот инвестициски циклус вреден 270 милиони евра, а сериозно се инвестира и во здравството, одбраната, културата, образованието.

ВМРО-ДПМНЕ треба да учи од овие лекции, да се надмине себеси и да даде поддршка на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните и којшто обезбедува економски раст, професионални институции и квалитетен живот за сите“ се вели во реакцијата на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

05.04.2018 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега