БЕСА: Судот по вторпат го уби Алмир, бараме оствака од Јовески

Судот денеска пресече за случајот за малиот Алмир од Куманово, а на Бобан Илиќ кој е обвинет за убиство на Алмир му беше изречена затворска казна од 6 години. На ваквата одлука рагираат и од Движењето БЕСА кои бараат оставка од јавниот обивинител поради ваквата пресуда.

„Судот сакајќи да воспостави „праведност“, по вторпат го уби малиот Алмир, давајќи му минимална казна на убиецот Бобан Илиќ како и осудувајќи ги и членовите на семејството на малиот Алмир“, велат од Движењето БЕСА.

„Загриженоста што постојано ја укажувавме од преквалификацијата на предметот до ова скандалозно судење, докажува дека судството во Македонија сé уште е фатено, селективно, непрофесионално и на тој начин се наметнуват радикални реформи во судството кои за жал и ден денес одлуките ги заснова врз етничката припадност на странките.

Ја потсетуваме јавноста кога младиот Насер Ештрефи го уби во самоодбрана неговиот врсник македонец, и покрај фактот дека беше малолетник и требаше да се почитува тоа од страна на судот, повторно беше осуден на 14 години затвор, додека убиецот на Алмири кого јавноста го гледаше и преку видеоснимки, доби олеснителна казна што во нормални европски држави со развиена демократија и професионална правда ќе беше осуден на доживотен затвор.

Бараме од јавниот обвинител во Македонија, Љубомир Јовески, од морални причини да поднесе оставка од функцијата, а од Републичкиот судски совет, ние бараме да преземеме дејствие против судијата кој ја донесе оваа скандалозна одлука.

Со ова правосудство тешко дека може да очекуваме интегрирање во НАТО и во ЕУ. Владеењето на правото беше еден од нагласените сегменти во сите извештаи на ЕУ и НАТО и затоа владата треба сериозно да пристапи кон темелните реформи во континуитет за да не ни се повторуваат монтирани случаеви и неправедни пресуди, како што е последниот случај со малиот Алмир“ стои во соопштението на БЕСА.

 

 

 

05.04.2018 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега