Жителите на Кале ќе добијат чиста вода за пиење

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се сретна со жителите од Кале и им вети дека по велигденските празници, во вторник, ќе почне поставување нова водоводна мрежа, а на местата на ископот улиците ќе се асфалтираат. 

Како што информира општина Центар, на средбата жителите истакнале дека пијат неквалитетна и нечиста вода од стари водоводни цевки и поради тоа најмалите имаат здравствени проблеми.

Сите диво приклучени жители, како што се наведува, ќе бидат исклучени и регуларно ќе добиваат и плаќаат квалитетна вода. 

Општина Центар соопшти дека ќе се решаваат и случаите за легализација, а надлежните ќе водат повеќе грижа за хигиената. 

 

 

 

04.04.2018 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега