Младо момче излета од коловозот - итно донесено во Ургентен во Скопје

Десетина минути пред полноќ на улицата „Партизанска“ во Штип, во близина на крстосницата со улиците „Борис Крајгер“, 24-годишниот Ѓ.К. од Штип, управувајќи мопед „Гилера Ранер“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. 

 

 

 

03.04.2018 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега