Мицкоски на Фејсбук: Се враќаме во Собрание со гласање недоверба на криминалната влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа во македонското Собрание, за како што вели, гласање недоверба на криминалната влада.
- Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија, вели тој.
Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ не беше во Собранието тие донесоа дузина клучни закони без било каква консултација со опозицијата, како што е примерот со законот за администрацијата, подотворајќи врата за партиски реваншизам и бркања од работа. Ќе порачам надвор од реформските закони ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ништо да помине кое ќе оцениме дека не е од корист на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа