Пиљаковски: Јас не сум автор на спорните песни издадени од Агенцијата за млади и спорт

 

Даниел Пиљаковски, чие име стои за песните со сесксистичка и дискриминирачка содржина, од зборката позија издадена од Агенцијата за млади и спорт, одрекува деа е автор на истите, објави „еМагазин“.

„Денес бев запрепастен и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката на песни од страна на Агенција за млади и спорт. Крајно одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај, бидеќи ми се ствараат проблеми. 

Со почит, Даниел Пиљаковски“, стои во неговата реакција. 

 

 

 

 

01.04.2018 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега