Шилегов упати честитка по повод католички Велигден
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед во која им го честита големиот христијански празник Велигден.
- Во мое име и во име на Град Скопје, Ви посакувам среќни велигденски празници и Ви пожелувам добро здравје, многу радост и благосостојба. Да продолжиме да ги негуваме човековите вредности, почитта и меѓусебното разбирање, за спокоен живот на сите граѓани, се вели во честитката.
01.04.2018 - 12:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа